Италија „пукна петарда“ на дебито на Гатузо, Франција и Хрватска се помачија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Италија на официјалното деби на клупата со Џенаро Гатузо славеше победа од 5-0 над Естонија.

Италија влезе како голем фаворит во натпреварот, но Естонија успеа да издржи во првиот дел и по првите 45 минути резултатот беше 0-0.

За водство на „Аѕурите“ се погрижи Кин кој погоди во 58-та минута од ссредбата. На 20-тина минути пред крајот на сцена стапи Распадори кој во само две минути запиша гол и асистенција.

Прво му асистираше на Ретегуи во 69. минута, а во 71. минута и самиот се запиш во листата на стрелци. Преостанатите два гола беа постигнати во самата завршница кога прво Ретегуи постигна и втор гол, а потоа стрелаше и Бастони.

Убедлива победа вечерва славеше и Швајцарија која со 4-0 беше подобра од Косово. Натпреварот Швајцарците го решија уште во пвото полувреме кога ги постигнаа сите четири погодоци.

За разлика од Франција се помачи со Украина, но славеше со 2-0, додека Хрватска запиша мнимален трумф над Фарски Острови со 1-0.

Сигурен вечерва беше и Исланд кој со 5-0 го совлада Азербејџн, Грција исто така постигна пет гола против Белорусија но и прими еден (5-1).

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Црна Гора – Чешка 0-1

Данска – Шкотска 0-0

Молдавија – Израел 0-4

Словенија – Шведска 2-2

Можно е и ова да ти се допаѓа

×