Пелистер од Романија го врати во ПМФЛ екс-напаѓачот на Работнички

by Стефан
0 минути читање

По епизодата во Романија, поранешниот напаѓач на Работнички, Петар Петковски, повторно ќе игра во ПМФЛ, сега во дресот на Пелистер.

Петковски пристигнува во Битола како слободен играч, откако му заврши договорот со Конкордија. За романскиот клуб минатата сезона настапи на 18 натпревари и постигна пет погодоци.

Во Пелистер ќе се обиде да ја врати формата од сезоната 2018/2019, кога како фудбалер на Работнички блесна со 11 голови и девет асистенции на 33 средби.

Кариерата ја започна во Вардар, а покрај Работнички и Пелистер, во Романија ги бранеше и боите на Ботошани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×