Мато е мајстор: Со два гола го реши Мозамбик – еден беше еврогол! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Вардар, Роџерс Мато одигра одличен натпревар за својата Уганда и постигна два гола во победата од 4-0 над Мозамбик.

Домаќиините победата ја обезбедија во вториот дел кога ги постигнаа сите четири погодоци. Мато беше стрелец на вториот и третиот гол.

Посебно атрактивен беше голот за водство од 2-0, кога прво се ослободи од својот чувар, а потоа и мајсториски го погоди спротивниот агол.

Уганда со овие три бода се израмни со Мозамбик со по 12 бода во битката за второто место кое носи во плеј-офот за пласман на Мундијалот.

Фото: Federation of Uganda Football Associations/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

×