Многу емоции: Меси даде два гола на неговиот последен меч за Аргентина на домашен терен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аргентина синоќа го одигра последниот меч на домашен терен од квалификациите за Светското првенство, ја победи Венецуела со 3-0, а ова беше посебен натпревар за Лео Меси бидејќи веќе никогаш нема да игра официјален меч за својата репрезентација пред своите навивачи.

Се очекува крајот на репрезентативната кариера Меси да го има на Светското првенство во 2026 година, а дотогаш Аргентина има еден гостински квалификациски меч и останатото ќе се подготвителни дуели за Мундијалот.

Аргентинецот се одјави на маестрален начин, даде два гола во победата од 3-0, еден беше дело на Лаутаро Мартинез.

Резултатот беше отворен во 39. минута кога Хулен Алварез го проигра Меси, а тој на мајсторски начин со лоб даде гол за водство на Аргентина од 1-0.

За нареден гол се чекаше до 76. минута кога Лаутаро Мартинез погоди со глава за 2-0.

Четири минути подоцна Меси даде уште еден гол, негов втор на натпреварот за конечни 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×