На стадонот „Викторија Жижков“ во Прага, фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе одигра контролен натпревар против аудиска Арабија.
Натпреварот ќе бидде подготовка за новиот квалификациски натпревар во битката за Светското првенство кој ќе го играме на в недела на 7 септември на домашен терен против Лихтенштајн.
Пред натпреварот селекторот, Милевски истакна дека, иако се работи за пријателски натпревар, очекува секој од фудбалерите да го даде својот максимум.
“Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн”.
Македонија досега со Саудиска Арабија се сретнала само двапати и двата дуели биле од пријателски карактер. Првиот го игравме во 2021 година во Ријад кога ремзиравме 1-1, додека вториот беше во 2022 во Абу Даби, натпревар кој го загубивме со 1-0.