Поранешниот марокански репрезентативец и екс-фудбалер на Фулам, Абдеслам Оуаду, доживеа тешка несреќа во неделата, откако застанал да помогне на жртви во сообраќајка и бил удрен од камион.
Оуаду, кој денес има 46 години и работи како тренер на јужноафриканскиот Орландо Пирејтс, се враќал од натпревар заедно со својот стручен штаб кога запрел да помогне на повредени во сообраќајнана несреќа која се случила претходно. Во тој момент на нив налетал камион, по што тој со останатите пет лица од неговиот стручен штаб биле префрлени во болница.
Од клубот на Орландо ја потврдија несреќата, но не соопштија детали за здравствената состојба на поранешната ѕвезда на мароканскиот фудбал, кој четири години во Премиер лигата го носеше дресот на Фулам.
Praying for good news, and sending our best wishes to Abdes Ouaddou and his colleagues at this time. 🤍 https://t.co/64kAu9o2l9
— Fulham Football Club (@FulhamFC) September 3, 2025