292
Maкедонскиот голман, Давид Денковски кариерата ја продолжува во босанското првенство во тимот на Посушје и за него ова ќе биде прв интернационален предизвик.
Досега во својата кариера, Денковски беше дел од Вардар, Скопје, Брера, Пехчево, Брегалница и Шкупи, вкупно во Првата лига собра 53 настапи.
25-годишниот голман своевремено беше и репрезентативец на Македонија до 21 година, селекција за која собра шест настапи.
Посушје е тим кој се натпреварува во најсилната лига во БиХ и сезонава по шест кола има пет бода и се наоѓа на седмата позиција.