Наполи потврди: Елиф е горд што повторно е со нас!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Наполи преку социјалните мрежи и официјално г о потврди враќањето на Елиф Елмас.

Дресот на Наполи Елмас го носеше пет години (2019-2024) и во тој период се израдува и на Скудето, а сега се враќа откако во Лајпциг не ја доби посакуванаа минутажа.

Наполи враќањето го потврди со кратка порака.

„Елиф е горд што повторно е еден од нас“, стои во објавата на клубот од Неапол.

На крајот од договорот Наполи има опција да го откупи, но не е обврзан, па така неговото останување ќе зависи од настапите кои ќе ги прикажува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×