496
Екипата на Шкендија денеска потврди ново засилување и тоа во одбраната која ќе биде посилна за искусниот Езгон Белица.
Белица се враќа во тетовскиот клуб од Работнички и повторно ќе го носи дресот на Шкендија, откако претходно ги бранеше боите на тетовскиот клуб пред 11 години.
Низ кариерата Белица настапуваше за Интер Турку, Рига, Партизани Тирана, Приштина и Работнички, паа така се очекува со своето големо искуство да придонесе за подобри резултати на домашна сцена, но и во Европа каде што Шкендија сезонава ќе биде дел од Конференциската лига.