190
Во последниот ден од преодниот рок Бетис успеа да се договори со Манчестер јунајтед за перманентен трансфер на Антони.
По успешната позајмица, Антони и Бетис сакаа да ја продолжат соработката, но се прашуваше Манчестер јунајтед.
Информациите велат дека паднал договор, Бетис ќе плати 22 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси.
Манчестер јунајтед ќе има и 50 проценти од наредниот трансфер на Антони.