250
Челси долго време се обидуваше да најде купувач за Николас Џексон, а кога конечно се договори со Баерн Минхен, пред самата реализација на трансферот настана проблем.
Вчера се повреди Лијам Делап, па Челси одлучи да го стопира трансферот на Џексон и да го врати напаѓачот на Стемфорд Бриџ, иако со Баерн се беше договорено.
Повредата на Делап ги промени работите, Челси не сака да остане без резервна опција во нападот, па го повика Џексон да се врати.
Но, неговиот агент објави дека такво нешто нема да се случи, Џексон останува во Минхен и чека реализација на трансферот.
Преодниот рок завршува утре, па наскоро ќе се види како ќе заврши оваа трансфер драма.