Фудбалерите на Силекс и труга остануваат максимални по четири одиграни кола откако денеска во своите н атпревари славеа победи на Башкими и Арсими.
Дебитантот во ПМФЛ, Арсими одигра цврсто против кратовскиот состав, но на крајот натпреварот го одлучи еден гол. Се играше 17-тата минута кога Мартин Мирчевски ја погоди мрежата на домаќините.
Тој гол се покажа како доволен за триумф на Силекс, кој освен што е максималенн е и единствениот тим без примен гол од почетокот на сезоната.
Струга беше убедлива и го прегази Башкими во Куманово со 0-5. Кумановскиот состав немаше никакви шанси против расположените гости од Струга кои победата ја најавија уште во првото полувреме во кое потигнаа два гола, стрелаа Компаоре и Радески. Во второто мрежата на Башкими се тресеше уште три пати за конечни 0-5.