Манчестер јунајтед се радува на првата победа во новата сезона, „ѓаволите“ се помачија против Барнли и стигнаа до три бода со гол од пенал во 97. минута.
Манчестер јунајтед имаше тешка недела откако беше елиминиран од четвртолигашот Гримсби во Лига Купот, па денеска мораше да победи против Барнли за помирно да заминат на пауза.
Избраниците на Аморим добро се помачија, но на крајот стигнаа до трите бода и првата победа во новата сезона.
„Ѓаволите“ два пати водеа, гостите два пати се враќаа, но мечот беше решен со гол од пенал во 97. минута, Бруно Фернандеш остана смирен од белата точка и донесе радост.
На останатите натпревари од 16 часот, Евертон со 2-3 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, Борнмут со 0-1 го совлада Тотнем во Лондон, а Сандерленд со 2-1 славеше против Брентфорд.