Oсновното јавно обвинителство денеска му го продолжи притворот на таткото на фудбалерот на Шкупи кој тепаше две деца од редовите на Брегалница во Штип.
Како што информираа од ОЈО против таткото е поднесено обвинение за „грубо насилтво и загрозување на сигурноста на оштетените“.
„Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на ОЈО.
Во инцидентот потешки повреди заработи едно од децата, а синот на родителот кој ги тепал децата Абдуљи Леарт од Фудбалската федерација на Македонија заработи доживотна суспензија.
Инидентот се случи на теренот „Бело Брдо“ во 89-тата минута кога судијата поради прекршок додели втор жолт картон со што го исклучи од игра синот на осомничениот. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди