Манчестер јјнајтед ввчера доживеа вистински дебакл и загуби во англискиот Лига Куп од чевртолигашот Гримсби по изведувањето пенали откако во регуларниот дел беше 2-2.
Летово „црвените ѓаволи“ потрошија над 220 милони евра на засилување, меѓутоа по три натпревари од почетокот на сезоната (Два во Премиер лигата) не знаат за победа.
„Ова ги помина сите граници, мора нешто да се менува. Им се извинувам на навивачите и немам што да кажам за нашата игра“.
Призна дека победил подобриот тим.
„Начинот на кој го започнавме натпревар, без никаков интезитет, беше лош. Бевме целосно згубени на теренот. Подобриот тим победи, односно единствениот тим кој се појави на теренот“, не го криеше разочарувањето Португалецот.
Шанса за првата победа Јунајтед ќе има против Барнли со кој ќе игра в сабота oд 16:00 часот.