Во игра бил уште еден клуб: Вирц откри зошто го избрал Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ливерпул ова лето го одврза ќесето и во своите редови го доведе Флоријан Вирц кој беше блиску до преселба во Баерн, но на крајот се одлучи за трансфер во редовите на „црвените“.

Во изминатите години навикнавме да гледаме како најдобрите фудбалери од Бундеслигата завршуват во Баерн, меѓутоа со Вирц тоа не беше случај.

„Токму како и пред 16 години кога го напуштив Келн и се преселив во Леверкузен го барав местото каде што ќе можам најдобро да ги развивам моите фудбалски вештини и каде што ќе станам подобар фудбалер. Затоа го избрав Ливерпул и досега можам да потврдам дека направив добар избор“, изјави Вирц во разговор за „Кикер“.

Призна и дека разгледувал преселба во Баерн Мнхен.

„Интезивно ги истражувавв двата клуба, одлуката не беше лесна. Но ја донесов со 100% сигурнот и среќен сум поради тоа. Беше тежок чекор да се напушти опкружувањето и да се пресели во друга земја каде што многу работи се различни“, објасни фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×