Вечерва на арената „Тодор Проески“ Вардар и Брера одиграа одличен натпревар кој заврши без победник 2-2.
Гостите од Струмица први се израдуваа и по само 15 минути Нзгуе со одличен лоб удар го отвори резултатот. Но радоста им траеше кратко, бидејќи веќе во 19. минута поранешниот фудбалер на Брера, Роџерс Мато, израмни на 1-1.
Не се чекаше многу и за трет гол. На пет минути пред паузата Ивановски со соло-акција од средината на теренот постигна убав погодок и повторно донесе водство за тимот од Струмица.
Во продолжението и двете екипи имаа по неколку прилики, но резултатот беше непроменетт сè до 84. минута. Тогаш голманот Вргов направи грешка, а Мато го искористи тоа и стрелаше за конечни 2-2.
За „црвено-црните“ ова е прв натпревар сезонава што не го добија, откако претходно славеа над Пелистер и Тиквеш. Од друга страна, Брера го освои првиот бод по двата стартни порази.