Навивачите на Јагелонија го бараат Чурлинов назад во клубот – го скандираа неговото име! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Полскиот клуб Јагелонија синоќа со 3-0 славеше над Динамо од Тирана во првиот плејоф натпревар за пласман во главната фаза од Конференциската лига, но за нас интересен е еден друг момент од овој натпревар.

Имено, навивачите на Јагелонија во еден момент го скандираа името на нашиот Дарко Чурлинов кој минатата сезона настапуваше за овој клуб како позајмен играч од Барнли.

Тие имаа направено и банер за Чурлинов со кој го повикуваа назад во клубот.

Претходно и претседателот на Јагелонија потврди дека постојано е во контакт со Чурлинов и дека Македонецот сака да се врати во клубот.

Иднината на Чурлинов уште е неизвесна, но реални се шансите тој да се врати во Јагелонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×