Тотнем откако остана без Езе подготви нов напад за Савињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем подготвува нова офанзива за крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Савињо.

Според „Глобо“, лондончани се подготвени да понудат 80 милиони евра, откако претходната понуда од 70 милиони беше одбиена.

Савињо се гледа како наследник на Хеунг-Мин Сон кој си замина по 12 години во клубот, но и за повредениот Џејмс Медисон. Засега Сити не покажува намера да се раздели со 21-годишниот Бразилец. Минатата сезона тој одигра 29 натпревари во Премиерлигата, постигна еден гол и забележа осум асистенции.

„Петлите“ останаа без планираното засилување Еберечи Езе кој е пред потпис со Арсенал. Поради тоа мораат да се насочат кон друга алтернатива, а прв на листата е Савињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×