316
Екипатана Пелистер и во третото коло Првата македонка фудбалска лига нема да игра пред своите гледачи.
Битолскиот состав во првите две кола беше гостин на Вардар и Брера, а според распоредот првиот натпревар во Битола требаше да го игра против Шкупи во третото коло, но тоа нема да се случи.
Причината е натпреварот на 9 септември кои во Битола ќе го играат младинските селекции на Македонија и Италија.
Поради тоа натпреварот кој требаше да се игра во Битола, сега ќе се одигра во Кавадарци.
Средбата е закажана в поннеделник од 17:00 часот.