Медиумите од Франција излегоа со нови информации за тензичната атмосфера во Марсеј по поразот од Рен, дошло до физичка пресметка помеѓу Џонатан Роу и Адриен Рабио.
Марсеј со пораз ја започна новата сезона во Лига 1, загуби со 1-0 на гостувањето кај Рен и покрај тоа што еден час играше со фудбалер повеќе.
Резултатот донесе многу тензија, изминативе денови се говореше дека имало голема расправија во соблекувалната.
Но последните информации велат дека ситуацијата била многу подраматична – летале шамари и боксови.
Се почнало кога Џонатан Роу, незадоволен од критиките кои ги добил, му залепил една на Адриан Рабио, кој веднаш возвратил, па двајцата си размениле боксови.
Џонатан Роу и Адриан Рабио во моментов се привремено отстранети од првиот тим и не е јасно кога ќе се вратат назад.
ФОТО: fb/Olympique de Marseille