Модриќ и Јашари имаа официјално деби за Милан, Леао даде гол па се повреди! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан вчера со 2-0 го победи Бари во натпревар од Купот на Италија, Рафаел Леао поради повреда не одигра ниту 20 минути, Модриќ и Јашари за првпат на официјален меч играа за росонерите.

По само 14. минути игра Леао даде гол за водство на Милан од 1-0, погоди со глава.

Но, само три минути подоцна го напушти натпреварот поради повреда која не би требало да биде многу сериозна.

На самиот почеток од вториот дел, Кристијан Пулишиќ ги постави конечните 2-0.

Новите засилувања, Лука Модриќ и Ардон Јашари во игра влегоа во 66. минута и го означија почетокот на нивното поглавје во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×