Голманот на Барселона, Жоан Гарсија имаше видно отечена десна јаболчница по победата над Мајорка откако пред крајот на првиот дел доби копачка во глава по еден дуел со Ведат Муриќи.
Жоан Гарсија синоќа го имаше своето деби помеѓу стативите во дресот на Барселона и помогна неговиот тим да стигне до победа од 0-3 на гостувањето кај Мајорка.
Голманот беше инволвиран и во еден од контроверзните моменти на мечот, кога во финишот на првиот дел доби копачка во глава од Ведат Муриќи.
Во прв момент, судијата му покажа само жолт картон на фудбалерот од Косово, но откако ја прегледа повторената снимка со помош на ВАР, извади црвен картон и го испрати домашниот фудбал во соблекувална.
Barcelona goalkeeper Joan García's face after THAT criminal tackle. 🤕😳 pic.twitter.com/26KvGJu3Pn
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) August 16, 2025
Жоан Гарсија имаше видно отечена десна јаболчница, но не се жалеше премногу.
„Не ги видов повторените снимки, само знам дека ме удри во лице. Ако ВАР вели дека стартот бил за црвен картон, верувам дека е така“ – вели Жоан Гарсија.
„Сега ќе одам да ставам малку мраз на местото“.