Баерн го освои Суперкупот на Германија, Диаз погоди на дебито и прослави во чест на Жота (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Баерн Минхен го совлада Штутгарт со 2-1 во биткрата за Суперкупот на Германија, Луис Диаз погоди во своето деби во дресот на „баварците“ и прослави во чест на Диого Жота.

По три години пауза, Баерн Минхен го подигна трофејот во Суперкупот на Германија, вечерва го совлада Штутгарт со 1-2 на „МХП“ арена.

Хари Кејн го отвори резултатот вo 18. минута, искористи една грешка на одбраната и од врвот на шеснаесетникот погоди за 0-1.

Летното засилување, Луис Диаз потоа погоди на своето деби и со глава ја затресе мрежата за 0-2 во 77. минута. Колумбиецот потоа прослави во чест на неговиот поранешен играч Диого Жота, седна на тревата и почна да игра ФИФА на плеј-стејшн.

Во последните мигови од натпреварот, Штутгарт само го намали резултатот на 1-2 преку Левелинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×