Манчестер Сити со победа од 4-0 на гостински терен кај Вулверхемптон ја почна новата сезона во Премиер лигата, Ерлинг Халанд даде два гола, а супер партија имаше и новото засилување, Тијани Рејндерс.
Рејндерс носи големи заслуги и за првиот гол иако асистенцијата беше на Луис, во таа 34. минута Халанд погоди за водство на Сити од 1-0.
Три минути подоцна самиот Рејндерс реализираше за предност од 2-0. Со тој резултат се замина на полувремето.
По 15 минути игра во вториот дел Рејндерс асистираше до Халанд кој даде нов гол за предност и од 3-0, веќе беше решен победникот.
Точка на мечот стави Шерки со фантастичен гол во 81. минута. Погоди по само осум минути откако влезе на теренот наместо Халанд. Конечни 4-0.
🚨🏴 GOAL | Wolves 0-4 Manchester City | Rayan Cherki
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 16, 2025
RAYAN CHERKI MAKES IT FOUR FOR MANCHESTER CITY !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/kpJJkmFPuh