Сцени од кои застанува здивот: „Енфилд“ во првиот натпревар од сезоната оддаде почит на Жота и неговиот брат (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул вечерва го играат првиот натпревар од новата сезона против Бормут во Премиер лигата во кој очекувано беше оддадено почит на Диого Жота и неговиот брат кои трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија.

Натпреварот како што беше најавено започна со минута молк, а исто така беше подготвена и кореографија во чест на португалскиот фудбалер.

Трагичната несреќа се случи во моментите кога Жота се враќаше кон Англија на подготовките за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×