Најголемиот македонски фан клуб на Милан сака да изгради уште поголема заедница на наши Росонери!

by riste
1 минути читање

Македонските Росонери и оваа година ги очекуваат многу дружба, забава и прослави на секоја победа на нивниот Милан. По динамичниот трансфер период, назначувањето на Алегри за стар-нов тренер, и носењето играчи како Модриќ, Ричи и Јашари, Росонерите со нетрпение ќе го очекуваат почетокот на новата сезона.

„Милан Фанс Македонија“, најстариот официјален фан клуб на Милан во Македонија, по измината најуспешна сезона во својата историја, во која беше еден од најбројните фан клубови во светот, оваа година има за цел да ја зголеми бројката и да привлече уште многу нови членови.

Понудата за оваа сезона, покрај официјалната AIMC членска картичка, е дуксер Милан Фанс Македонија кој може да се види на нивниот профил на социјалните мрежи (каде има достапни и детски величини за најмладите фанови), како и подарок од AIMC, италијанското здружение на фан клубови на Милан од целиот свет.

Целта на Милан Фанс Македонија, како сериозен фан клуб, е со секоја нова сезона да изгради што поголема заедница на фанови и да продолжи со дружбата и забавата низ кои се раѓаат вистински и искрени пријателства, со акцент на заедничко гледање натпревари во кафе Плеј Ол Деј на ул. Македонија, таму каде што е „домот“ на фан клубот, како и гледање мечеви на стадионите ширум Италија, што е еден од многуте бенефити за секој член на Милан Фанс Македонија.

За повеќе информации, можете да ги контактирате преку нивните Facebook [https://www.facebook.com/MilanFansMacedonia] и Instagram [https://www.instagram.com/milanfansmk/] страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×