Лајпциг ја пронајде замената за Бенјамин Шешко, кој летово се пресели во Манчестер Јунајтед. Германскиот клуб ќе го ангажира напаѓачот на Гезтепе, Ромуло Кардосо, за 20 милиони евра плус дополнителни 5 милиони евра во бонуси. Турскиот клуб ќе добие и процент од следната продажба на фудбалерот.
Станува збор за 23-годишен бразилски интернационалец висок 193 сантиметри, кој минатата сезона во дресот на Гезтепе постигна 14 голови и додаде девет асистенции на 29 натпревари. Во турскиот тим пристигна во 2024 година од Атлетико Паранензе.
Лајпциг го продаде Шешко на Манчестер Јунајтед за повеќе од 75 милиони евра, а неговата замена ќе чини тројно помалку.
Следен кој се очекува да го напушти клубот е Елиф Елмас, кој е пред трансфер во Италија, но останува да видиме која ќе биде дестинацијата.