Полјаците пристигнаа и направија хаос во Белград!

by 24 фудбал
1 минути читање

Група полски навивачи пристигнати во Србија за да го бодрат Лех на мечот против Црвена Звезда во квалификациите за Лигата на шампионите предизвикаа вистински хаос во центарот на Белград.

Во групата имало поддржувачи на Лех, Краков и ЛКС Лоѓ, а според српските медиуми тие искршиле неколку излози на продавници на улицата Кнез Михајлова и демолирале еден кафе-бар. Полицијата реагирала брзо и започнала апсење на дел од навивачите.

Белградските медиуми јавуваат дека во главниот град моментално има околу илјада полски навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×