Се појави нова опција за Елмас: Може да се врати во поранешниот клуб

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас често пати во медиумите се поврзува со заминување од Лајпциг, а тоа е и очекувано бидејќи во редовите на бундеслигашот не добива шанса.

Според последните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, Елмас би можел да се врати во Наполи од каде што пристигна во Германија. Наводно, Конте во Елмас гледа идеално решение бидејќи му е потребен фудбалер кој може да игра офанзивно како „десетка“, но и како лево крило.

Информациите се дека Наполи би можел да се обиде да го доведе на позајмица до крајот на сезоната.

Елмас изминатата езона ја помина во дресот на Торино каде што остави солиден впечаток, но сепак калчолигашот не успеа да се договори со Лајпциг за откуп на договор.

Eлмас дресот на Наполи го носеше пет годин откако пристигна од Фенербахче во 2019 до 2024 година. Беше дел и од тимот кој го освои Скуетото во Серија А.

Вкупно во најсилната италијанска конкуренција, Елмас има 156 натпревари во кои посигна 18 гола и подели 10 асистенции. Во изминатиот период со Елмас се поврзуваше и шпански Реал Сосиедад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×