270
Според последните инфомации, македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски кариерата би можел да ј продолжи во Фенербахче.
Имено, Фенербахче каде што во минатото со успех настапуваше Елиф Елмас, сегаа би можел да добие нов Македонец.
Околу иднината на Димитриевски се пишува подолго време, Валенсија не смета на него како прв голман, па поради тоа и реално е да се очекува да ја промени средината.
Покрај Фенербахче, Димитриевски во последниот период се поврзуваше и со шпанските екипи Елче и Мајорка. Кога е Фенербахче во прашање, Димитревски би добил можност да соработува и со Жозе Мурињо.