192
ФК Вардар на денешна седница на Управниот одбор на клубот ги одреди цените на влезниците за новата сезона.
Билетите ќе чинат 200 денари за јужната трибина и 100 денари за источната. Западната традиционално е обезбедена за Комитите.
„На последната редовна седница на одборот на директори на АД ФК Вардар донесена е одлука: Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26, да биде за југ 200, и исток 100 денари“, соопштија од Вардар.
Вардар сезоната ја почна со победа над Пелистер од 4-1, а следниот меч е во петок на гостински терен кај Тиквеш во Кавадарци од 17 часот.