Хендерсон покажа дека е мајстор за пенали, Кристал Палас го победи Ливерпул за трофеј во Комјунити шилд! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Кристал палас се освојувачи на првиот трофеј во сезоната во Англија откако на пенали го совладаа Ливерпул, откако во регуларниот дел беше 2-2.

Ливерпул многу рано уште во четвртата минута со голот на новото засилување од Ајнтрахт Франкфурт, Екитике стигна до предност, но Кристал палас брзо се врати. Во 17. минута беше досудена најстрога казна, а истата во гол ја претвори Матета.

Сепак, само четири минути подоцна на сцена стапи уште еддно ново име во Ливерпул, Фримпонг стрелаше за 1-2.

Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се играше активно со по некоја прилика и на двете страни.

Кристал Палас успеа да дојде до ново израмнување преку Сар на 15-тина минути пред крајот.

На крајот победник немаше, па според правилаата во Комјунити Шилд веднаш се изведуваа пенали.

Во пенал серијата Кристал палас беше подобар најмногу благодарение на голманот Хендерсон кој имаше одлични интервенции. За Ливерпул не реализираа Салах, Мекалистер и Елиот. За палас ова по трофејот во ФА Купот, ова е втор голем во нивната историја и прв во Комјунити шилд.

Фото: Crystal Palace F.C/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×