332
Карлос Балеба му ставил до знаење на Брајтон дека сака да замине и да премине во Манчестер Јунајтед.
Младиот играч од средниот ред усно побарал дозвола од клубот за трансфер на „Олд Трафорд“, а неговиот агент веќе се согласил со понудените лични услови од „црвените ѓаволи“.
Брајтон засега останува цврст на својата проценка од 100 милиони фунти и нема намера да ја намалува цената за 20-годишниот фудбалер.
Ова лето Манчестер Јунајтед потроши доста пари, а во целост беше реновиран напаѓачкиот дел од тимот и сега таму се Брајан Мбуемо, Матеус Куња и Бенјамин Шешко.