Струга зад себе имаше релативно неуспешна сезона, бидејќи откако освои две титули во низа остана без Европа, а во Купот на Македонија беа поразени во финалето од Вардар.
Во пресрет на новата сезона и првиот натпревар против Македонија Ѓорче Петров зборуваше еден од најискусните во тимот, Буњамин Шабани.
„Имаме нов тренер и неколку нови фудбалери, но амбициите и целите се исти, Струга Трим Лум е подготвена да се бори за да биде највисоко на табелата. Нема да биде лесно, имаме максимална почит за конкурентите, но исто така и веруваме во своите квалитети. Ќе видиме како ќе се одвива сезоната, а ние сме подготвени уште од стартот да одиме во полн ритам. Со нови идеи во нови победи. Македонија ЃП ни е традиционално незгоден противник. Ги респектираме апсолутно, тие се вратија во Првата лига и веднаш се засилија со неколку квалитетни фудбалери. Знаеме дека секој старт е тежок, но верувам дека ќе го дадеме максимумот и дека со помош на публиката ќе успееме да ги освоиме трите бода“, изјави Шабани.
Натпреварот меѓу Струга и Македонија Ѓорче Петров ќе се одигра во терминот од 17:30 часот, а во овој термин е закажан и дуелот на Башкими и Арсими.