Вториот најстар клуб од Холандија згаснува по 133 години

by Стефан
1 минути читање

Холандскиот клуб Витесе и дефинитивно остана без професионална лиценца, оваа одлука ја потврди судот во Утрехт.

Така вториот најстар клуб во Холандија (постара е само Спарта Ротердам) згаснува по 133 години постоење .

Судот во војата пресуда истакна дека комисијата за лиценциање и Фудбалскиот сојуз исправно ги следеле сите правила, па ваквата постапка била неизбежна.

„Витесе добиваше прилика по прилка, но ниту една не искористи. Клубот не покажа никакво подобрување“, изјави адвокатот на комисијата.

Од Витесе се обидоа да го убедат судијата дека ја обезбедиле иднината на клубот тврдејќи ддека локални инвеститори ги преземале сие акции од досегашниот сопствееник, но тоа беше неуспешно. Натпреварот против Алмере ссити кој требаше да се игра викендов е откажан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×