Родриго де Пол го даде првиот гол за Интер Мајами, Суарез погоди со совршена паненка! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер Мајами со 3-1 го победи тимот на УНАМ во ново коло од Лига Купот, натпреварување кое го сочинуваат екипи од САД, Канада и Мексико.

Интер Мајами на овој меч играше без повредениот Лео Меси. Натпреварот не почна најдобро за американскиот тим, Мексиканците поведоа со гол на Рувалкаба во 34. минута.

Но, пред самиот крај на првото полувреме Родриго де Пол го постигна својот прв гол во дресот на Интер Мајами за израмнување на 1-1, асистент беше Луис Суарез.

Во 59. минута токму Суарез даде гол за комплетен пресврт и водство на Интер Мајами од 2-1. Погодокот беше постигнат од пенал со совршена паненка.

Десет минути подоцна, Суарез повторно се најде во улога на асистент, овојпат додаде до Аленде кој погоди за конечни 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×