Шкупи нема доволно регистрирани играчи, но „ладно“ си најави старт на сезоната

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкупи се наоѓа во сериозни проблеми, бидејќи непосредно пред стартот на новата сезона нема регистрирано доволно фудбалери.

Чаирчани зад себе имаат турбулентно лето, донесоа дискутабилни засилувања, а „војната“ со навивачите беше јаготка на шлагот. Новата сопственичка структура се обвинува за местење натпревари, стадионот не поседува услови за имплементација и користење на ВАР системот, но далеку поголем од се е проблемот со регистрациите.

Шкупи треба в петок да ѝ гостува на Шкендија на стартот на сезоната, а во клубот нема 15 регистрирани фудбалери колку што е минимумот за натпреварување во ПМФЛ.

И покрај тоа, Шкупи „ладно“ си го најави стартот на сезоната со супер-дерби против Шкендија преку социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×