Официјално: Томас Милер е нов фудбалер на Ванкувер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Томас Милер ќе игра во МЛС лигата, легендата на Баерн Минхен потпиша договор со Ванкувер Вајткапс. Канадскиот клуб официјално потврди дека германскиот фудбалер ќе го носи нивниот дрес до крајот на 2026 година. Милер има 35 години и по речиси две децении во Баерн одлучи да ја започне новата авантура во Северна Америка.

Слушнав одлични работи за градот, но најважно е што доаѓам да победувам. Имав одлични разговори со Аксел Шустер и Јеспер Соренсен, и со нетрпение очекувам да играм пред нашите навивачи и да се бориме за пласман во плејофот“, изјави Милер за клупската веб-страница.

Милер целата кариера ја мина во Баерн Минхен, настапи на 756 натпревари и постигна 250 голови во сите конкуренции. Со баварскиот гигант освои 13 титули во Бундеслигата и две титули во Лигата на шампионите.

Во дресот на Германија стана светски шампион на Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×