ВАР стана реалност и во Македонија! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Денеска Фудбалската федерација на Македонија и официјално го промовираше ВАР системот кој од сезоната која започнува викендов станува реалност и во Македонија.

Македонија доби три ВАР соби, сервер и контролна просторија кои се направени по стандардите пропишани од ФИФА.

Деталите за ВАР ги презентираат претседателот, Масар Омерагиќ, Дејан Јакимовски, како ВАР проект лидер и Јоспи Бартон, кој е претседател  на комисијата за делегирање судии.

Исто така обезбедено е и репортажно возило кое ќе се користи за ТВ пренос на натпреварите.

„ВАР системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во федерацијата кои 24/7 работеше на овој проект. Ја набавивме целосната потребна технологија, имаме три модерни соби и контролна просторија. За овие три месеци направивме огромна работа. На многу поголеми федерации од нашата им беше потребен многу подолг период за да го спроведат ВАР системот. Затоа ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се вруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект“, изјави Омерагиќ.

Кога во прашање се стадионите во Македонија, единствено Шкупи во Чаир нема ВАР лиценца и услови за користење на системот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×