Шкупи не може да игра на својот стадион, не ги исполнува условите за ВАР!

by riste
1 минути читање

Во петок почнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), една од новините е и воведувањето на ВАР технологија.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска информираа дека сите клубови не се подготвени за имплементација на ВАР системот.

Претседателот на ФФМ, кажа дека еден од стадионите кои не ги исполнуваат условите за ВАР е тој на Чаир. А тоа значи дека Шкупи нема да може да биде домаќин на својот терен.

„Шкупи не го исполни својот дел од обврските – не се поставени платформите за камерите, ниту е обезбедена климатизирана просторија, што беше јасно посочено уште пред извесно време. Поради тоа, нема да добијат дозвола да играат на стадионот во Чаир и ќе мораат да најдат алтернативно решение“, изјави Омерагиќ на денешната презентација на системот.

Останатите стадиони ги исполнуваат техничките услови за ВАР.

Ова е само уште еден од низата проблеми за Шкупи кој се соочува со обвинувања за местење натпревари, ангажман на сомнителни засилувања, гнев од навивачите….

Можно е и ова да ти се допаѓа

×