192
Ливерпул ја прифати понудата од Ал Хилал за трансфер на Дарвин Нуњез, но се чека одговор од фудбалер кој уште не се изјаснил дали сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
Дарвин Нуњез е чекор поблиску до трансфер во Ал Хилал откако двата клуба постигнаа договор за висината на обештетувањето.
Сепак фудбалерот го има последниот збор. Ал Хилал е во преговори со Дарвин за личните услови и го убедува фудбалерот да го потпише договорот.
Симоне Инзаги го сака Дарвин во својот тим, се очекува Уругваецот наскоро да ја донесе одлуката.