Дождот ги пречка фудбалерите на Карабах на арената (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Карабах денеска го одработи последниот тренинг пред утрешниот дуел против Шкендија, откако претходно одржа и официјална прес-конференција во Скопје.

Иако важи за фаворит во пресрет на првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, тренерот на азербејџанскиот тим, Гурбан Губанов, со доза на претпазливост зборуваше за тетовскиот клуб, нагласувајќи дека очекува тежок натпревар и изрази почит кон Шкендија.

Подготовките на Карабах на теренот беа отежнати и од временските услови, бидејќи дождот што врнеше во Скопје создаваше проблеми за фудбалерите за време на тренингот.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ утре стартува во терминот од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×