Тотнем го официјализираше ангажманот на Жоао Палиња, кој пристигна на позајмица од Баерн Минхен и ќе настапува за „спарси“ во текот на новата сезона.
Португалскиот репрезентативец се враќа во Премиерлигата каде претходно имаше одлични настапи во дресот на Фулам, а токму тие изданија му донесоа трансфер вреден над 50 милиони евра во редовите на германскиот гигант минатото лето.
Сепак, на „Алијанц Арена“ не ги оправда очекувањата, а новиот тренер Винсент Компани јасно стави до знаење дека не смета на него. Баерн не доби конкретна понуда за траен трансфер, па Тотнем ја искористи ситуацијата и договори едногодишна позајмица без обврска за откуп.
Се очекува Палиња да биде значајно засилување за средниот ред на лондонскиот тим, а доколку клубот биде задоволен од неговите партии, ќе може да го откупи за 35 милиони евра. Во спротивно, Португалецот во јуни 2026 ќе се врати во Минхен, каде Баерн повторно ќе се обиде да најде нов клуб за неговите услуги.