Њукасл испратил формален предлог до РБ Лајпциг за ангажман на Бенџамин Шешко, на маса се ставени 75 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Популарните „свраки“ повлекоа потег за ангажман на Бенџамин Шешко, денеска испратиле конкретна понуда до РБ Лајпциг.
Неколку извори објавија дека на маса биле ставен предлог тежок 80 милиони евра, односно 75 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Сега на потег се „биковите“, но и Манчестер јунајтед, се шпекулира дека „ѓаволите“ се уште имаат шанси за ангажман на репрезентативецот на Словенија, но ќе мора да побрзаат.
Доколку Њукасл го купи Бенаџмин Шешко за 80 милиони евра, тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на клубот од Сент Џејмс Парк.