Медиумите од Шпанија пренесуваат дека обвинителството бара затворска казна од две ипол години за Раул Асенсио, дефанзивецот е обвинет за две кривични дела против двете девојки инволвирани во секс скандалот со младинците на Реал Мадрид.
Обвинителството не се откажува од затворска кана за Раул Асенсио и неговата инволвираност во секс скандалот со младинците (Андрес Гарсија, Феран Руиз и Хуан Родригез) на Реал Мадрид.
Младата ѕвезда на „кралевите“ не учествува во сексуалниот однос со двете девојки, ниту пак го снимил видеото.
Но тој го побарал видеото од еден од инволвираните и потоа го покажал на пријател. Откако го покажал, веднаш го избришал.
Но обвинителството смета дека ваквото однесување не може да помине неказнето, па бара затворска казна од две ипол години за Раул Асенсио и го товари за две кривични дела против приватноста на двете девојки.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.