Вирц веќе почна да се исплаќа: Ливерпул за еден час од него заработи над шест милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ливерпул денеска ги промовираше своите нови дресови во соработка со „Адидас“ со кој потпишаа договор вреден 60 милиони долари.

Интересот помеѓу навивачите беше огромен, па така откако дресовите почнаа да се продаваат сајтот на „црвените“ одредено време беше во пад.

Најголем дел од навивачите сакаат да го имаат дресот на новото засилување за кое Ливерпул плати 125 милиони евра, Флоријан Вирц. Според информациите за само еден час се продале 42.000 дресови со бројот „седум“, а ако се знае дека цената на еден дрес е 148 евра, тогаш е јасно дека гигантот од „Енфилд“ заработил околу 6.2 милиони евра за само еден час.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×