227
Шкендија обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а следен предизвик на патот кон групната фаза ќе биде тимот на Карабах од Азербејџан.
Тетовци првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен, и тоа на националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Средбата е закажана за вторник, 5 август со почеток од 20:00 часот. Реваншот ќе се игра точно една седмица подоцна, на 12 август во Баку, со почеток од 18:00 часот по македонско време.
Шкендија ќе има тежок предизвик против искусниот европски учесник, но оптимизмот е присутен поради добрата форма и поддршката која се очекува од трибините во Скопје.