96. минута, последниот напад на натпреварот и Меси изрежира нова фудбалска уметност (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Интер Мајами со 2-1 славеше над Атлас во Лига Купот на Северна и Централна Америка, Лео Меси го реши победникот со нова фудбалска уметност во последните секунди од пресметката.

Интер Мајами утрово стигна до драматична победа во пресметката против мексиканскиот Атлас во првото коло на групната фаза во Лига Купот на Северна и Централна Америка.

Лео Меси не постигна гол, но повторно ја направи разликата со две асистенции.

Домаќините поведоа преку Сеговија во 58. минута, гостите израмнија преку Лозано во 80. минута а потоа во 96. минута и последниот напад на натпреварот, Лео Меси изрежира нова фудбалска уметност.

Аргентинецот ја зеде топката, имаше еден-два проигрување со Луис Суарез и на тацна му даде топка на Вејгант, кој рутински ја затресе празната мрежа за 2-1 и големо славје.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×