Вардарци ја почувствуваа тревата во Лозана, едно е сигурно – утре нема да биде лесно! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар денеска го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот реванш со Лозана во рамките од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Вардар утре на гостински терен ќе истрча со предност од првиот натпревар од 2-1, но домаќинот е тој кој што ќе ја има фаворитската улога, па затоа избраниците на Гоце Седлоски ги чека тешка задача.

Добра вест е што капитенот Горан Закариќ кој не настапи во Скопје поради повреда отпатува со тимот во Швајцарија, меѓутоа како што истакна тренерот Седлоски и понатаму не е сигурно дека ќе биде подготвен за настап.

Натпреварот помеѓу Лозана и Вардар е закажан за во терминот од 20:15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×